Македонија
По Орце и мајка му Ратка Куноска Камчева ставена на црната листа на САД

Мајката на бизнисменот Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина се најновите имиња на црната листа на САД, објавена денеска.
Како што се наведува во одлуката, лицата и компаниите кои се опфатени со санкциите се ставени на листата поради коруптивните и незаконски активности, како и поради нивната поврзаност со Орце Камчев, кој беше ставен на црната листа во јули 2023 година.
„Денешното соопштение е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека Соединетите Држави бараат одговорност од корумпираните актери. Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство“, се наведува во соопштението на американската амбасадорка Анџела Агелер.
Меѓу компаниите кои се опфатени со санкциите се: заедничката обложувалница на Самсоненко и Камчев „Бет Сити“, „Орка Холдинг“, „Камчев Консалтинг“, „Орка Фајнанс“, „Систина лајф кер центер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.