Македонија
По пожарот, вонреден инспекциски надзор во „Макстил“ – се проверува загаденоста на воздухот
Државниот Инспекторат за животна средина извршил вонреден инспекциски надзор во фабриката „Макстил“ АД Скопје каде што синоќа избувна пожар, кој се гасеше до утринските часови. Врз основа на податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на воздухот, во текот на денов е забележано зголемување на концентрациите на РМ10 во 3 часот наутро на мерното место Гази Баба (кај ПМФ) часовната концентрација била 228.02 микрограми на метар кубен и на мерното место Ректорат часовната концентрација била 137.22 микрограми на метар кубен. Веќе од 5 часот, евидентирано е намалување на концентрациите.
Вонредниот надзор е почнат во 8 часот, при што е извршен надзор на лице место на местото каде е предизвикан пожарот. Се работи за погонот Челичарница, на место за подготовка на старо отпадно железо пред влез во процес на производство, каде се врши т.н. дробење на истото. Во моментот на надзорот пожарот сè уште не бил целосно изгаснат.
Како што информираат од Инспекторатот, погонот Челичарница не е во функција од 29 април во 22:18 часот. Во моментот на надзорот, како и во текот на денот кога е предизвикан пожарот, погонот не бил во функција. Согласно со неработењето на правниот субјект, и континуираниот мониторинг за следење на емисиите во воздухот не работел.
Во текот на надзорот присуствуваа и раководителот на Секторот за инспекциски работи при Општина Гази Баба, како и овластениот инспектор за животна средина. За време на надзорот и во текот на ноќта биле присутни и други институции, меѓу кои и полиција. При надзорот е изготвена и фотодокументација. Во тек е и надзор од страна на Инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување надлежни за пожари и заштита и спасување.
Пожарот бил забележан од страна на вработени лица на 10 мај околу 21:20 часот, по што е пристапено кон негово гаснење со апарати. Потоа е повикана напомош Противпожарна служба на РЖ „Услуги – железарница“, како и Градска Противпожарна служба. Во текот на гаснењето подоцна се има вклучено и ЈП „Водовоод и канализација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

