Македонија
По поплаките на жителите, Министерството за животна средина ќе изврши увид во работата на депонијата „Дрисла“
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје.
Во име на жителите на село Батинцe и населбите кои гравитираат околу депонијата „Дрисла“, претставниците на двете здруженија информираа дека како резултат на несоодветното управување од страна на дирекцијата на оваа депонија, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината.
Според нив, тие имаат само едно барање, современа депонија со еколошки и европски стандарди.
Меџити на средбата рече дека министерството во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе го разгледа нивното барање и ќе извршат увид во дејноста и начинот на кој ова претпријатие постапува со отпадот, доколку ги исполнува своите должности и евентуалните отстапки заедно со нивната работа.
По набљудувањето на ситуацијата на терен, Министерство за животна средина ќе ги разгледа можности за изнаоѓање на потребните средства и алатки за модернизација на депонијата „Дрисла“, и подобрување на животниот стандард на жителите кои живеат во нејзина близина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

