Македонија
По скоро три години, Јанкулоска за првпат на викенд отсуство – пет жени излегоа од „Идризово“ со измената на Правилникот
Со измена на правилникот, жените-затворенички од „Идризово“ почнаа со користење право на викенд отсуство. Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ посочува дека привилегиите ги користат по потреба. Меѓу нив е и Гордана Јанкулоска, која по скоро три години поминати зад решетки, без да може да излезе да го види својот син и семејството. Јовановски посочи дека добил пет барања за користење на овие привилегии.
„Одобрен е за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба на нивно барање“, посочува кусо Јовановски.
Погодностите доаѓаат откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“. Тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда. Адвокатот Влатко Илиевски, кој е и сопруг на Јанкулоска, посочува дека со овој чин, се исправи повеќедецениска неправда кон жените кои се осудени.
„Решението за користење на погодност – домашно отсуство, кое што го доби Гордана Јанкулоска заедно со уште неколку други жени осуденички, претставува епилог на дополнувањето на Правилникот за распоредување, класификација и разместување, донесен од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции. Без да навлегувам во правната издржаност на пресудата врз основа на која Гордана го има сегашниот статус, сметам дека со чинот на дополнување на Правилникот, се исправи повекедецениска неправда и дискриминација кон жените осуденички и се создадоа услови за похумано извршување на санкциите. Ова претставува минимален чекор во реформата во областа на правосудството, но значи голем скок во третманот на жените осуденички. Очекуваме во следниот период да се овозможи користење и на другите погодности согласно Куќникот ред на установата“, вели адвокатот Илиевски за „Макфакс“.
Измените на Правилникот траеа со месеци. Антидискриминациска изготви решение со кое бараше жените да имаат исти права како и мажите. Потоа процесот се префрли во ресорното министерство. На крајот, затвореничките ги добија правата кои ги бараа. Измената на актот беше позитивно поздравена од невладини организации кои се залагаат за унапредување на човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

