Македонија
(Видео) Третпат одбиена иницијативата на Тодор Петров за референдум за името
Иницијативата на Тодор Петров за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување нов референдум за името не помина на Комисијата за политички систем, како и на Законодавно-правната комисија.
Претседателот на Комисијата за политички систем, Чедо Саздовски, образложи дека инцијативата не е уредна затоа што прашањето не било во согласност со името на државата и дека не може да се распише нов референдум пред истекот на рокот од 2 години по минатиот референдум што се одржа на 30 септември лани, како и поради тоа што Собранието претходно на седница ја разгледало оваа инцијатива и донело заклучок дека не е уредна.
На Комисијата пратеникот Ферид Мухиќ бараше образложение од предлагачот со каков мотив бара распишување нреферендум затоа што веќе преспанскиот договор е во сила. Според Мухиќ, преспанскиот договор не можел да се поништува и не гледа смисла за распишување референдум.
„Каква и да биде одлуката на референдумот, таа не може да дејствува ретроактивно. Не знам каква е смислата на референдумот кога одлуката нема да има правно дејство. Ако тоа е само од морална смисла да видиме дека граѓаните се незадоволни од промена на името, во ред. Но, ако идејата е да се стопираат евро-атлантските процеси, тогаш сум против“, рече Мухиќ
Петров рече дека граѓаните имаат право да се изјаснат дали се за промена на името или не и дека Собранието треба да им го овозможи тоа. Тврдеше дека прашањето не е исто со референдумот од лани и рече дека одлуки може да поништува само Уставниот суд, а не Собранието.
„Одлуката нема само морална димензија. Прашањето е многу јасно – зошто Собранието се плаши од народот. Но, Собранието не е тоа што може да носи и укинува одлуки, ништо не е трајно и вечно. Ако цената е ЕУ како што тврдите, јас и тука не се согласувам. Има членки што пристапиле на ЕУ и кои отстапиле. Граѓаните теба да кажат дали се за ЕУ под вакви услови“, рече Петров.
Ставот на Петров го бранеше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков. Тој тврдеше дека Собранието нема право да го укине граѓанското право на референдум и затоа побара да се усвои барањето на Петров.
Ова беше трета инцијатива на Петров за референдум, која е одбиена.
Иницијативата е поткрепена со потписи од 157 граѓани за распишување референдум на кој граѓаните треба да одговорат со „за“ или „против“ на прашањето: „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

