Македонија
По 6 години, повторно се бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за случајот „Монструм“, Филков го потпишал барањето
Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно осудени за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Барањата, како што беше нагласено, се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна.
Според Министерството за правда, последен пат екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова ѝ претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени.
Првиот човек во Министерството појасни дека на 8.10.2021 година било добиено известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор. Во постапките, велат од ресорното министерство, сѐ што е побарано од косовските власти веќе е доставено и по 6 години, повторно се бара нивна екстрадиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

