Македонија
Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура
Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како пратеници на партијата Беса. За ова го известиле собранискиот спикер Талат Џафери со допис преку кој го официјализираат своето дејствување самостојно.
Од Беса за „Макфакс“ велат дека пратениците ќе продолжат да даваат поддршка на законите и одлуките на власта и дека нивното дејствување во Соранието не значи дека го напуштаат коалицискиот партнер.
„Немаме никаков проблем со коалицијата ‘Можеме’, ова одлука да бидеме надвор од колацијата не значи дека нема да даваме поддршка на законите кои ќе ги иницира власта. Одвојувањето е од технички аспект и не подразбира никакво напуштање туку поеефективно делување во Собранието на нашата партија. Во Собранието имаме 4 пратеници, за пратеничка група треба 5, свесни сме на тоа, но ќе настапуваме сепак како пратеници на Беса. Овој момент ни е важен да бидеме поблиску до гласачкото тело, затоа што оние кои гласале за нас, гласале за нашата партија и затоа така одлучивме да делуваме од Парламентот“, брифираат од Беса.
Во Собранието во новиот состав од оваа партија влегоа Биљал Касами, Фадил Зендели, Кастиот Реџепи и Бастри Бајрами, кои беа избрани на заедничката листа со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

