Контакт

Македонија

Пратениците попуштија по предупредувањето од археолозите: повлечени спорните измени на Законот за културното наследство

Објавено пред

Предлагачите на измените на Законот за културното наследство го повлекоа предлогот за кој денес требаше да се гласа во Собранието заради изградбата на коридорите 8 и 10 д. Археолозите непосредно пред почетокот на седницата преку протест предупредија дека пратениците ќе направат кривично дело доколку гласаат за измените оти со нив се озаконува уништување на културното наследство и се кршат низа домашни закони, меѓународни договори и ратификации.

dobivaj vesti na viber

Предлагачите ги повлекоа измените откога Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека тие нема да гласаат за дневниот ред, ќе ја напуштат седницата и побара повлекување на сите предложени измени, кои ги добиле во петокот и имале кус рок да ги разгледаат, побара јавна расправа за сите измени, во која ќе се вклучат и експертите и јавноста.

„Сè додека пратениците се потпишуваат на овие законски решенија, а не Владата, која бега и на чуден начин се трга од одговорноста, ќе провејува фактот дека сомнежите со желба за корумпирање, криминал и матни зделки ќе бидат дел од овој проект. Апелирам пратениците да не наседнуваат, замислете, на толку битни закони, кои менуваат суштина на основни закони, кои важат за граѓаните, не е потпишана Владата. Ако веќе проектот е најголем што треба да се изведува во нашата држава, тука требаше да седат министри од Владата, да преземат одговорност, а не да се кријат зад мнозинството во ова Собрание. И, да, сакаме оваа држава да се развива побргу, сакаме да успее овој проект, ама сакаме да успее на јавен, транспарентен начин, а не законите да се пуштаат во петок, а во понеделник да се закажува седница. И не вие да ги потпишувате, да си дојде министер за култура, за земјоделство, за транспорт, за финансии и да застанат зад експропријациите, зад шумите, зад културното наследство и да го брани она што го прави. Вака излегува дека имаме пратеници експерти во ова Собрание, кои може да застанат зад толку големи закони“, рече координаторот Мицевски.

И Маја Морачанин од ДОМ најави дека ќе гласа против измените оти треба да се носат на поинклузивен и потранспарентен начин со вклучување на експертската и академската фела.

По нивните забелешки, претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека предлагачите ги повлекуваат предложените измени на Законот за заштита на културното наследство.

Археолозите на протест пред Собранието ги предупредија пратениците дека со кревање рака за законските измени ќе озаконат неповратно уништување на културното наследство. Повикаа да не дозволат надзорен инженер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културно наследство, да решава што е културно наследство. Укажаа дека на трасата на коридорите 8 и 10 д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети и предупредија дека свесно уништување на културното наследство е кривично дело без преседан, а во овој случај се прави под закрила на државата.

Археолозите ги повикаа претседателот на државата, МАНУ, универзитетите, сите засегнати институции, здруженија и граѓаните да се приклучат на апелот за повлекување на спорните законски измени пред да биде доцна.

Македонија

Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца

Објавено пред

Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.

Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.

Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Објавено пред

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

dobivaj vesti na viber

„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците

Објавено пред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.

„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.

Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.

„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија2 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија3 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија3 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија3 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија4 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија4 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет6 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет7 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет8 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија22 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија22 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија23 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет1 ден

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...