Македонија
Пратениците ја продолжуваат расправата за уставните амандмани на Комисијата за уставни прашања
Денеска пратениците ја продолжуваат расправата на Комисијата за уставни прашања, по владините насоки за уставните амандмани. Власта и опозицијата имаат спротивставени мислења. Пратениците од владејачкото мнозинство го поддржуваат предлогот на Владата кој го образложи премиерот Зоран Заев, дека Македонија нема да има друга шанса на патот кон ЕУ и НАТО и дека сите пратеници треба да дадат поддршка за уставните амандамни. Опозицијата , пак, порача дека Договорот со Грција е штетен и дека треба да се почитува волјата на граѓаните кои во голем број не излегоа да гласаат на референдумот.
Расправата по предлогот за пристапување кон измена на Уставот, согласно член 196 од Деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. За понеделник веќе е закажана пленарната седница за уставните амандмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

