Македонија
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и двајца од Левица ги повлекле потписите за недоверба, но ќе гласаат за пад на Владата
Двајцата пратеници од Левица и петнаесетина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги повлекле потписите за недоверба на Влада, со цел пратеникот од aлијанса, Скендер Реџепи, утре да гласа за недоверба на Владата. Според информации што кружат во медиумските кулоари, тие остануваат на ставот дека ќе гласаат за недоверба на актуелната Влада на СДСМ и ДУИ. И со повлекувањето на потписите, има доволно пратеници за таа да биде спроведена.
Барањето со околу 17 потписи на пратеници е доставено до собраниската архива. Засега, собраниските служби не одговараат како ќе се постапува и дали ова ќе доведе до измена на утрешната седница. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и ПР-службата на партијата, не одговараат на повиците за да одговорат дали ваквата информација е вистинита. Засега нема потврда дали тие и натаму остануваат на ставот дека ќе гласаат за недоверба на актуелната Влада.
Условот за повлекување на потписите од пратениците на Левица дојде од Скендер Реџепи, пратеник на Алтернатива. Тоа беше услов за тој да гласа за недоверба на Владата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа седницата и кажа дека епилогот може да биде недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. По тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање недоверба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

