Македонија
(Видео) Пратеничката група е единствена, а на избори ќе одиме под три услови, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, по завршувањето на Извршниот комитет побара да се формира техничка влада со мандат од 100 дена, а со тоа премиерот Зоран Заев заедно со министрите да поднесат оставки, а на нивно место да бидат назначени кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Николовски кажа дека ИК ги прифати предлозите на лидерот Христијан Мицкоски.
„Бараме формирање на Анкетна комисија во Собранието, која треба да ги испита сите нерегуларности на референдумот, притоа, да се разреши и актуелниот јавен обвинител кој замижува пред очигледниот криминал, пред и за време на референдумот“, рече Николовски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратеничката група има исти став, а се борат за зачувување на името Македонија. Како што кажа, името на државата по референдумот е зачувано. Николовски потенцираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена.
„Се заплашуваа граѓани, имаше влијание врз гласачи, бевме сведоци на недоморкатски процес. Затоа целиот референдумот е фалсификат и резултатот не го признаваме. Власта да престане со бркање од работа на сите што гласаа против или не излегоа на референдимот.
На прашањето како ќе реагираат по низата укажувања од меѓународната заедница и последната порака испратена од партијата на канцеларката Меркел, тој рече дека ги почитуваат сите.
„Не е проблем меѓународниот фактор, тука е проблем Зоран Заев и Никола Димитров кои потпишаа штетен договор за државата“, рече Николовски.
Тој додаде дека неговата партија заклучила дека договорот од Преспа е празно слово харија, а меѓу барањата, спомена дека мора да се почитува Законот за јавна администрација и да не се притискаат граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

