Македонија
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сепак дојде на расправата за уставните измени
Во Собранието почнa седницата на Комисијата за уставни прашања, на која на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, обврска што произлегува од договорот од Преспа.
На седницата се присутни премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и поголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и покрај шпекулациите дека тие нема да присуствуваат на седницата на која ќе се разгледуваат уставните амандмани.
Комисијата доцнеше поради координација на ВМРО-ДПМНЕ со пратеничката група.
ВМРО-ДПМНЕ гласаше против дневниот ред на која има само една точка – предлог за пристапување кон уставни измени. Дневниот ред беше усвоен со 9 гласа „за“. Комисијата може да трае најмногу 10 дена. Пленарната седница е закажана в понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

