Македонија
Првачињата од општина Кисела Вода добија бесплатни ранци и училиштен прибор
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на првиот училиштен ден на првачињата од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, од каде што го промовира проектот „Ранче за секое прваче“. Преку него оваа година првпат сите 625 првачиња од 11-те општински основни училишта добија бесплатен анатомски ранец со училиштен прибор и тетратки. Дополнително, Општина Кисела Вода за нивната настава по физичко образование им обезбеди и ранец за спортска опрема, а за училиштето професионални фудбалски топки.
„Денес сме во ООУ ‘Невена Георгиева-Дуња’, од каде што го промовираме проектот ‘Ранче за секое прваче’. Имено, Општина Кисела Вода за сите 625 првачиња од 11-те општински основни училишта обезбеди бесплатен анатомски ранец со училиштен прибор и тетратки, кои им се неопходни за наставниот процес. Во услови кога цените на училишниот прибор рапидно растат и годинава се повисоки дури 50 отсто од претходната година, сметам дека ова е солидна помош од нас како локална самоуправа и ќе им овозможи на сите семејства што годинава првпат запишуваат ученик, 1 септември да им биде ден за радост и убави спомени, а не за финансиски грижи. Дополнително, финансиско олеснување ќе биде и тоа што за првачињата обезбедивме и ранец за спортска опрема, кој ќе им биде потребен за часовите по физичко воспитување, со што тие целосно подготвени влегуваат во училишните клупи. За годинава да почне уште поубаво, за двете училишта што денес ги посетуваме имаме подарок, професионални фудбалски топки. На сите првачиња им посакувам многу успех, среќа, другарување и убави мигови во училишните клупи и сакам да нагласам дека ние како Општина Кисела Вода не само со овој туку и со многу други проекти што следуваат, ќе работиме секојдневно на унапредување на условите во кои се одвива наставата“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, кој потоа заедно со претставниците од Општина Кисела Вода и од Советот на Општината присуствуваше на приредбата подготвена за првачињата.
Денес, тие присуствуваат и на првиот училиштен ден на основците од ООУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

