Македонија
Првиот вицепремиер Меџити се приклучи на крводарителската акција организирана од Амбасадата на САД
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше и даруваше крв во крводарителската акција „Food and Blood Drive“ во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.
По дарувањето крв, првиот вицепремиер Меџити високо ја оцени соработката и континуираната помош што САД и ја даваат на нашата земја од прогласувањето на независноста.
“Станува збор за традиционална акција за дарување крв, на која често сме се одзвале. Овој пат акцијата се одвива во чест на Денот на ветераните на Соединетите Американски Држави, и кои се за нас стратешки партнери и со задоволство учествував во оваа акција на дарување крв“, рече Меџити пред медиумите.
Крводарителската акција, која веќе 22 години ја организира Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, годинава беше посветена на американските ветерани, преку кои беше почестена нивната служба во воспоставувањето мир во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

