Македонија
„Првин Филипче направи целосно промашување на прес-конференција, а потоа за да се извлече, СДС пушти соопштение со снимка стара две години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС без компас, прво Филипче вчера направи целосна утка на прес конференција а потоа за да се извлече СДС пушти соопштение со снимка стара две години која всушност беше критика на патлиџан дипломатијата на СДС. СДС тотално се изгуби на политичката мапа па почнаа да прават последователни грешки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека беа власт СДС водеше погрешни политики но и како опозиција продолжија со „како и до сега“ со грешни пресови и грешни соопштенија.
Во СДС целосно конфузни, неинформирани и надвор од политичките текови. Венко Филипче во текот на вчерашниот ден оддржа прес конференција и кажа низа глупости и се излета во јавноста со погрешни изјави и заклучоци.
Филипче или е грешно информиран од советниците или манипулира.
Филипче не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа.
Тоа што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа едногласно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линија со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД.
За да го извлечат Филипче од тотално погрешната прес конференција, слабиот пи-ар на Филипче се навлече на уште поголем лапсус и лажни вести.
СДС збунета пушти соопштение со видео снимка, интервју од Викторија Трајков старо 2 години кое е критика на нивната патлиџан дипломатија од пред 2 години, и се обиде да го спинува како денешно.
СДС се толку безнадежни и немоќни што се послужија со интервју старо 2 години за да прават спин, испомешаа и време и место и на крај го повлекоа соопштението.
Во конкретното интервју се зборува за дипломатијата на СДС и посетата на Димитар Ковачевски, а не за дипломатијата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, што е огромен пропуст на СДС и нивниот пи-ар.
Време е СДС да се фокусираат и да бидат во тек со политичките настани. На Македонија и е потребна консолидирана опозиција“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

