Македонија
Прв академски час на Американскиот универзитет на Европа – ФОН
На свечена церемонија оддржана на ден 04.10.2021 година, се одржа првиот академски час за новата генерација на студенти во академската 2021/22 година на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Зголемен интерес за студирање на прв циклус на студии, голем број студенти избраа модерно, квалитетно и либерално образование, да учат од професори кои секогаш ќе се достапни за нивните прашања и да се стекнат со знаења, вештини и компетенции препознаени и признати во нашата земја и странство, изјави ректорот на АУЕ ФОН проф. д-р Мирко Трипуноски кој во своето обраќање им посака добредојде на новата генерација студенти.

На првиот академски час се обрати и Канаѓанецот и универзитетскиот професор Роберт Артур кој е задолжен за имплементација на Американскиот систем на АУЕ ФОН. Професор кој работел на американски универзитети повеќе од 20 години, на новата генерација студенти презентираше дел од стратешката подготвеност за имплементација и внесување новитети во образованието и имплементацијата на повисоки критериуми и вредности која беше поздравено од студентите, академскиот кадар и компаниите со кој овој универзитет соработува.

Свое обраќање имаше и др. Вера Сотировска, една од оние кои АУЕ ФОН ги врати од САД во нашата држава, корисник на фулбрајт стипендија и нововработена на АУЕ-ФОН. Нејзиното искуство од работењето на универзитетите во САД ќе биде од големо значење за АУЕ ФОН и за предностите на американскиот образовен систем и нивна имплементација која е значајна бидејќи обезбедува широк спектар на можности за личен, професионален и академски развој на студентите. Индивидуалниот пристап, критичко и холистичко размислување се уште еден интересен аспект на американскиот образовен систем.

Добредојде на новите членови на нашето големо академско семејство им посака и генералниот менаџер м-р Сефер Цаноски. Можности за напредување, програмата работи и учи, програмата финасиска поддршка и сите останати новитети на Универзитетот кои се во чекор со модерното светско образование, се можности кои се реалност и кои се достапни за сите наши студенти, истакна во својот говор.

Церемонијата се оддржа на платото пред Универзитетот, согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести со целосно запазување на сите мерки пропишани со Закон за безбедно присуство на ваков настан на отворена површина.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

