Македонија
Прв ден министерски совет на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес, со свое обраќање, ќе го отвори најзначајниот меѓународно-политички настан во македонската историја – 30-тиот министерски совет на ОБСЕ.
Според агендата, воведно обраќање на отворањето ќе има и премиерот Димитар Ковачевски, како и претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума, и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.
На маргините на министерскиот совет на ОБСЕ, Османи ќе одржи повеќе билатерални средби.
Во рамките на министерскиот совет, пак, ќе се одржат и неколку тематски придружни настани, меѓу кои и потпишување декларација за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење дигитализација, на која, покрај министерот Османи, свои потписи ќе стават и министрите за надворешни работи на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија – Ивица Дачиќ, Елмедин Конаковиќ, Филип Ивановиќ и Игли Хасани.
Покрај тоа, ќе се одржат и настани посветени на обезбедување одговорност и враќање на притворените украински цивили, како и адресирање на влијанието од климатските промени врз безбедноста на луѓето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

