Македонија
Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, побезбеден сообраќај, заштита од пожари
Продолжувајќи со планските превентивни полициски активности, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Тетово беа реализирани неколку превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот, потоа заштитата на шумскиот фонд и за мерките поврзани со почнувањето на ловната сезона, соопшти МВР.
„Така, на подрачјето на СВР Велес, односно на повеќе локации во и околу Кавадарци, отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со ОСБСП Кавадарци спроведе превентивна активност насочена кон законските обврски за безбедно управување со возило – задолжително носење сигурносен појас и приспособување на брзината на условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи“, извести МВР.

Во Ресен, пак, на подрачјето на СВР Битола, при средби со граѓаните полициските службеници укажуваа на потребата од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекреативно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделските работи, а дополнително на возачите на моторни возила што се движат по патиштата во овој регион им беше сугерирано да не фрлаат догорчиња од цигари и слично.
Полициски службеници од СВР Тетово имаа заедничка средба со претставници од три ловни друштва од селата Боговиње, Теарце и Брвеница со укажувања за целосно и безусловно придржување кон Законот за ловството и Законот за оружјето, се додава во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

