Македонија
Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од имотни деликти
На подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Охрид, Тетово, Штип и Куманово во текот на вчерашниот ден беа реализирани низа превентивни активности, што во најголем дел беа посветени на сообраќајната безбедност на децата, но и генерално за нивната безбедност во самите училишта, особено во контекст на појавите на врсничко насилство и слично, извести МВР.
„Притоа, на подрачјето на СВР Битола, во Битола во три основни училишта беа реализирани едукативни работилници од областа на сообраќајните правила и прописи за децата како учесници во сообраќајот – пешаци или како корисници на велосипеди и тротинети. Исто така, сообраќајот беше тема на активностите и во Македонски Брод и во Крушево, но, пред сè, наменети за возачите на моторни возила, а напоредно со тоа во Крушево беше реализирана и превентивната активности за заштита од пожари на отворен простор на локации во близина на излетничко рекреативни места во околината на Крушево.
И на подрачјето на СВР Куманово, односно во Крива Паланка во ООУ „Јоаким Крчовски“, вчера беше заокружена повеќедневната сообраќајна едукација на учениците од сите одделенија, со наслов „Сообраќаен буквар“, а на подрачјето на СВР Велес, односно во ООУ „Димка Ангелов Габерот“ во село Ваташа, Кавадаречко, сообраќајна едукација беше реализирана за првоодделенците. Дополнително, во ова училиште, а за учениците од повисоките одделенија, беше реализирана наменски подготвена работилница на темите од врсничкото насилство.
Вчера, СВР Тетово иницира средба со директорите на шесте тетовски средни училишта, на која присуствуваа и претставници на локалната власт и на училишните совети на родители, со примарна цел воспоставување поквалитетна соработка во насока на максимална безбедност во училиштата и надвор од нив“, соопшти МВР.
На подрачјето на СВР Охрид, пак, беа реализирани неколку тематски превентивни активности во Охрид, Кичево и во Струга. Во Охрид отсекот за превенција реализира активности од областа на сообраќајната безбедност и заштитата на граѓаните од имотни деликти, а во просториите на ПС од ОН Струга се одржа средба со претставници на месни заедници од Струшко во врска со мерките и активностите за заштита од пожари на отворен простор, особено при изведување земјоделски работи. Во Кичево превентивната активност исто така беше посветена на заштитата од имотни деликти.
На подрачјето на СВР Штип, односно во Берово, полициски службеници од ОВР Берово на повеќе сообраќајници во градот спроведоа превентивна активност за задолжителното носење сигурносни појаси како за возачите така и за сопатниците во возилата, се додава во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.