Македонија
Предлог-буџетот за 2020 година денеска на владина седница
Предлог-буџетот за 2020 година денеска ќе се најде на редовната владина седница, што ќе се одржи во Тетово со почеток во 19 часот.
Во рамките на одржување на седницата ќе има и министерски теренски активности, меѓу кои увид во реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Јажинце, увид во градежните работи на системот за наводнување Равен – Речица и посета на Клиничкиот центар Тетово.
Исто така, по предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на дневен ред ќе биде усвојување на предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.
По предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ќе одлучува и по предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.
Министерство за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со предлог за воспоставување регионални центри за стручно образование и обука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

