Македонија
Ја нападнал екссопругата со тупаници и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не се смират
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
На 10 јули, пред зграда на булеварот Јане Сандански, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, да ја стиска за вратот и рацете.
Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот.
Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица.
На 4 август осомничениот отишол на работното место кај оштетената и најпрвин вербално ја нападнал, упатувајќи и заканувачки и погрдни зборови. Кога заминал, продолжил да ѝ се заканува на телефон дека ако не согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите.
Загрижена за безбедноста на нејзините деца и за родителите, оштетената настанот го пријавила во полициска станица.
Во попладневните часови осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој почнал агресивно да удира на влезната врата и да се обидува насилно да влезе.
Оштетената и татко ѝ се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето добиле телесни повреди – гребаници и расеченици. Кога успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела.
Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

