Македонија
Предметот „Кампања“ против Љубе Бошкоски повторно се враќа во судница

Судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ се враќа на повторно судење по барање на одбраната.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по барање на одбраната на Љ. Б., претходно осуден во предметот во јавноста познат како ‘Кампања’, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а во согласност со и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и тоа е веќе правосилно“, соопшти Кривичниот суд.
Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор. Во 2016 година тој излезе од затворот во Идризово, каде што ја издржуваше казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд, а на планините повремен снег

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и топло време, освен денеска и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)