Македонија
Прекинато водоснабдување во делови од Центар и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник) поради промена на затварач ф 2“ на ул Црвена Скопска Општина бб од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти. (Општина Центар);
· Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Дренак бр 2а. без вода ќе останат корисниците на дел од ул Дренак и дел од Јужен Булевар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата (Општина Кисела Вода);
· Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул Славејко Арсов бр 15. без вода ќе останат корисниците на дел од ул Славејко Арсов бр 15. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата. (Општина Центар);
· Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Максим Горки бр 14. без вода ќе останат корисниците на дел од ул Максим Горки. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата. (општина Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поранешни министри и директори меѓу новоосомните за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

За четворица од новоосомничените за пожарот во Кочани Обвинителството бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост. Еден осомничен не е во државата, извести републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
Соопштувајќи детали, тој дека досега се осомничени вкупно 47 физички и три правни лица. Истрагата опфаќа сопственици и управители на клубот, корисници на пиротехниката, обезбедувачи. Дополнително, како што објави Коцевски, се истражуваат сите институции и службени лица кои довеле до тоа кабарето „Пулс“ да врши угостителска дејност без да исполнува законски услови.
Во таа насока осомичени се и поранешни функционери, меѓу кои тројцата градоначалници на Кочани, но со проширувањето на истрагата и тројца овластени општински градежни инспектори кои не извршиле контроли во објектот кој со години бил незаконски пренамент од објет за лесна индустрија во кабаре, без никакви безбедносни стандарди.
Во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, освен претходно осомничениот директор, истрага е поведена и за уштре тројца директори, вклучително и актуелниот директор. Постои сомнение дека целосно ги запоставиле своите надлежности, и тоа, не само на овој клуб туку и на останатите во државата.
„Низ годините ниту еднаш не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор на објекти кои вршат угостителска дејност“, рече Коцевски.
Покрај осомничениот министер за економија, државниот секретар и тројца службеници, новоосомничени се уште три лица кои во периодот од функционирање на клубот ја извршувале функцијата министер за економија, двајца државни секретари и уште три службени лица на раководни позиции надлежни за угостителство и туризам. Се истражуваат оти му овозможиле на „Пулс“ да добива лиценци незаконито од отворањето до пожарот.
Основното јавно обвинителство Кочани вчера објави дека ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица. Сите, како и претходните, се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.
Македонија
Акциски контроли на угостителски објекти во Битола, затекнати 20 малолетници

Полицијата во рамки на планираните активности денеска (13.04.) во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица.
Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај“ биле затекнати уште четири деца, при што сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
Македонија
Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.
Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ), на Град Скопје, дека од 17.25 до 18.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во с. Марино (Општина Илинден), од 21.00 до 00.05 часот со 4 пожарникари и 2 ПП возила гаснале запалено сено и гранки на ул. Малешевска б.б. изгорена површина од 100 м2 (Општина Кисела Вода), и од 01.40 до 02.30 часот со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснале запалено ѓубре во с. Брњарци (Општина Гази Баба).
РЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кочани дека од 15.00 до 15.45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалено ѓубре во дворот на СОУ „Гошо Викентиев“ (Општина Кочани).
ТППЕ Штип, известува дека од 16.00 до 18.00 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена сува трева, нискостеблеста шума и грмушки (смрека) кај м.в „Баргала“ (Општина Карбинци).
РЦУК Охрид информацијата дека од ТППЕ Охрид од 18.30 до 21.40 часот, со 15 пожарникари и 3 ПП возила, гаснeле запалена трска на охридското крајбрежје (од Специјалната болница „Св. Еразмо“ до кампот „Андон Дуков“, со ширење кон атарот на с. Подмолје во Општина Охрид).
РЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 19.50 до 20.30 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснале запалена ниска вегетација во место викано „Стари Лозја“ (Општина Куманово).
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.