Македонија
Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид поради минирање

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информира АМСМ.
На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, помеѓу 10 и 13 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути поради изведување градежни работи на пат, односно минирање.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 2.5. до 15.11. е отворен за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека 20 минути за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Бесплатни училишни ранци и прибор за 𝟦𝟥𝟢 првачиња од општина Ѓорче Петров

Градоначалникот Александар Стојкоски и општина Ѓорче Петров и во 2025 година продолжуваат со традицијата на обезбедување бесплатни училишни ранци и училишен прибор за сите 430 првачиња на територијата на општината. Оваа иницијатива има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина, велат од Општината
Денеска, во кабинетот на градоначалникот, дечињата кои ја завршија градинката „Росица“ заедно со градоначалникот ги избраа своите нови училишни ранци, кои ќе ги користат од септември.
Покрај тоа, Општината и оваа година ќе обезбеди бесплатна ужинка за секое дете од прво одделение, со цел да се промовираат здрави навики и правилна исхрана, известуваат од таму.
„Грижата за децата е наша најголема обврска и посветеност. Со овие проекти создаваме услови за еднаков почеток, охрабрување и сигурност во нивниот образовен пат“, истакна градоначалникот Стојкоски.
Македонија
Мицкоски: ГРЕКО потврди, Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста на државата.
Насилниот екстремизам и тероризмот не се само закани по безбедноста, тие се индикатори на подлабоки слабости во системот. И затоа борбата со нив не може да биде изолирана, туку мора да се води паралелно со јакнење на институциите, на правната држава и на јавната доверба, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешата седница на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.
„Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција.
Корупцијата не беше појава, беше правило. Правдата беше селективна. Владата беше сервис на моќни интереси, а не на граѓаните. По години на институционален мрак, извештајот на ГРЕКО кој вчера беше објавен е сигнал дека Македонија се движи напред, кон систем што функционира.
ГРЕКО потврди: Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост“, додаде Мицкоски.
Според него, Групата на држави против корупција на Советот на Европа, испраќа јасна порака: дека постојат видливи резултати, конкретни подобрувања и силна политичка волја за прекин со старите практики.
Првпат по долго време, вели тој, државата не е предмет на критика, туку на признание за сериозен напредок во борбата против корупцијата.
„Знаеме дека екстремизмот, радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба, а институциите се корумпирани. Затоа, нашата стратегија е јасна: градење на сигурна држава, со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.
Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент. И очекувам од сите учесници, безбедносни, општествени, образовни и локални да дејствуваат координирано, без одлагање и без калкулации.
Продолжуваме со иста сериозност, без еуфорија, но со целосна трезвеност“, нагласи Мицкоски.