Македонија
Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас
Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот договор ѝ даде нов моментум на европската перспектива на Западен Балкан, ја обнови улогата на ЕУ во регионот и ја нагласи важноста на трансатлантската соработка во промовирањето на мирот и стабилноста. Шест години подоцна, додаваат тие, моментумот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е загрозен и губи сила, а пристапниот процес на Македонија првин беше блокиран од Франција, а сега од Бугарија.
„ЕУ и меѓународната заедница мора јасно да стават до знаење дека почитувањето на договорот е единствениот пат за понатамошна демократска интеграција, до европскиот пристап и претпристапната поддршка“, напишаа тие предупредувајќи дека секое прекршување на договорот ќе доведе до „егзистенцијален предизвик не само за европската иднина на Северна Македонија туку и за нејзината иднина во целина.
Според нив, ако овој услов е целосно испочитуван, ЕУ мора да заземе поактивен пристап кон проширувањето, како што е предложено од многумина европски претставници и експерти.
„Мора да им биде јасно на сите земји во регионот дека мирното решавање на разликите има придобивки за луѓето на Балканот и нивното раководство. Тие жртви се наградени, а не цинично занемарени“, потенцираат тие во колумната.
„Додека екстремната десница добива сила, демократските, умерените и прогресивните лидери мора да соработуваат и да ги удвојат своите напори да се спротивстават на национализмот и националното повлекување. Самото нагласување на придобивките од европското единство не е доволно. Единствениот начин да се застане цврсто на европските вредности во денешниот свет е да се биде поактивен во донесувањето одлуки за кои сите знаеме дека се неопходни и покрај нивната политичка цена“, додаваат Заев и Ципрас.
Според написите во грчките медиуми, кои се осврнуваат на колумната, договорот од Преспа, потпишан во јуни 2018 година, го реши 25-годишниот спор за името меѓу Грција и Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

