Македонија
Преку агендата „Европа дома“ ќе се воведуваат европски стандарди во секој сегмент од општеството
Владата денеска ја усвои агендата „Европа дома“, во која се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината „Акција 21“, со која, како што објави премиерот Зоран Заев, е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент од нашето општество.
Станува збор за агенда на Владата и за другите институци, како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држваната комисија за спречување на корупцијата, како и други агенции и комисии, кои во соработка со Владата ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа, според стандардите на ЕУ како наши одредници.
„Агендата е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители, кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системот. Преку тоа граѓаните ќе добијат подбри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Северна Македонија го заслужува местото во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејство“, рече Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, и министрите за правда и за финансии, Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.
Документот е подготвен врз основа на обврските што сме ги презеле во рамките на заедничките тела меѓу Македонија и ЕУ, а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија. Документот го подготви вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, со тимот на Секретаријатот за европски прашања.
За секоја приоритетена област, посочи Заев, се наведени прецизни цели и надлежни институции, како и рокови за нивна реализација, а за документот се консултирани и невладини организации, кои работат во областа на евроинтеграциите, како и Делегацијата на ЕУ.
„Оваа граѓанска Влада успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Тој напредок е признат од сите наши стратешки партнери. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори“, нагласи премиерот.
За жал, посочи тој, поради недавање согласнот од една земја членка за одобрување на рамката за преговори, првата меѓувладина конференција за официјлано почнување на преговорите сè уште се нема случено.
„Долго сме во процесот и секако нема да запреме. Се соочуваме со предизциви, но нема да бидеме обесхрабрени. Продолжуваат политичките и дипломатските напори и обиди за отстранување на ветото од Бугарија. Кога сме посветени и сплотени, резултатите ќе дојдат“, рече Заев.
Продолжуваат и реформите, посочи премиерот, со кои европските стандарди ги внесуваме дома, во нашиите институции, за да ги ползуваат нашите граѓани и затоа документот „Агенда Европа“ дома се потпира на новата методологија.
Акцентот е ставен на изборната реформа, на правосудството, на борбата против корупцијата и организираниот криминал, на темелните човекови права, на реформите во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата во јавната администрација, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Струмица
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид.
Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри на м2, 12 во Пожаране, 9 Маврови Анови, 3 Попова Шапка, 2 Крушево и 1 л/м2 во Охрид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Македонија
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.
АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

