Македонија
„Преку два тендера во РЕК „Битола“ власта во заминување спрема криминал од 9 милијарди денари“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Власта во заминување спрема огромен криминал тежок 9 милијарди денари. СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да испумпаат 9 милијарди денари народни пари преку фирми блиски до нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Непосредно пред избори власта во заминување распишува два од можеби најголемите тендери некогаш спроведени во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.
Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денар, а тоа се блиски фирми до власта, од која една во сопственост на конзул на држава која е под санкции на ЕУ.
Власта во заминување е европска само на зборови, а во реалноста дава стотици милиони на фирми поврзани со лица во врска со земји под санкции на ЕУ.
Власта во заминување на СДС и ДУИ го ограбува народот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите раководни лица во ЕСМ и РЕК Битола да внимаваат што потпишуваат, зошто секој еден детал од оваа криминална набавка ќе биде проверен од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Со СДС и ДУИ со право народот вели дека немаме држава, затоа важно е да ги поразиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ

Утре ќе се одржат директните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ кои беа одложени поради трагедијата во Кочани.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори.
Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката, на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот.
Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден.
Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место.
Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош).
Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 05.04.2025 година.
Сите детални информации, одлуки, правилници, роковници и останати документи поврзани со внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се достапни на веб страната на СДСМ или директно на следниот линк:
Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.
Информација за резултатот ќе го соопштиме во недела по завршување на процесот на гласањето“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Министерство за здравство: 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови.
Непроменета е и состојбата на пациентите во критична состојба.
Во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и тоа:
– Во Хируршка клиника „Св Наум Охридски“ – 6,
– На Клиника за пластична хирургија – 4 пациенти пристигнати синоќа од странство,
– На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.
– Во Систина се лекуваат двајца пациенти.
Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба, известија од Министерството за здравство.
Македонија
(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори, кажа денеска на прес-конференција Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сашко Митовски свесно ги лажеше граѓаните и на Крива Паланка и на целата држава дека загадувањето на водата во Крива Паланка со цијанид е 100-тици пати над дозволеното. Анализите кои ги објави Државниот инспекторат за животна средина го покажуваат спротивното и го демаскираат трулиот обид на Митовски да манипулира. Мизерно е како Митовски не се колебаше да манипулира со најчувстителната тема за граѓаните – безбедноста на водите и почвата, само за да шири паника и ќари некој ситен политички поен пред избори“, рече Спасовски.
Пратеникот го повика Јавното обвинителство да поднесе кривична пријава против Митовски, за ширење паника.
„Дејствијата на Митовски се дотолку поголеми што тој е носител на јавна функција, која во дел од јавноста може да создаде краткотраен привид дека тој ја говори вистината, и со тоа да предизвика огромен страв. ЈО треба да ги земе во предвид овие околности, но и стварниот ефект предизвикан од паниката која ја рашири Сашко Митовски и да поднесе кривична пријава против него“, истакна Спасовски.