Македонија
Претежно сончево со слаб ветар во Повардарието
Претежно сончево, вдолж Повардарието со слаб до умерен северозападен ветер, ќе биде времето во недела, во првиот ден од новата година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од -11 до – 4 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -11 и дневна до 3 степени.
До вторник ќе преовладува стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе
преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст.
Во вторник изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а преку денот ќе зголемување на облачноста особено во западните и северозападните делови, каде кон крајот на денот ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. Локални врнежи од дожд и снег се очекуваат и в среда, кога и утринските температури ќе бидат во пораст. Потоа до наредниот викенд се очекува стабилно и суво време./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

