Македонија
Претпладне облачно, попладне потопло со сончеви периоди

Утрово најниската температура од -12 степени била измерена во Маврови Анови и Попова Шапка, -8 степени во Охрид, Крушево, Дебар и Тетово, -7 во Претор, -4 во Берово и Битола, -3 во Прилеп и Крива Паланка, -2 степени биле измерени во Штип и Виница, -1 степен во Куманово, Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 0 степени во Демир Капија, 3 во Гевгелија.
Снежната покривка во 7 часот изнесувала 13 сантиметри во Пожаране, 11 во Крушево, 7 во Крива Паланка, 5 сантиметри во Охрид, 4 во Ѓуриште, 3 во Битола и Тетово, 2 во Берово.
Времето денеска претпладне ќе биде со умерена до значителна облачност, освен на запад каде што ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намалува. По должина на Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме умерено до значително облачно време, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.
Македонија
Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство.
„При вршење семејно насилство рано утрово, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник го лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална расправија, со нож и секира најпрво го нападнал таткото, прободувајќи го по телото и удирајќи го со секирата по главата. Потоа и нанел убоди со нож во вратот и на неговата мајка. Од многубројните повреди оштетениот маж починал при укажување прва помош, а жената е пренесена на Ургентниот центар во Скопје во тешка состојба“, извести вечерва Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Осомничениот беше уапсен откога самиот пријавил во Итната медицинска помош дека ги нападнал родителите.