Македонија
Претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Србија

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на Белград.
Како што соопшти МНР, Османи утре во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, а со неговиот домаќин, Ивица Дачиќ, прв вицепремиер за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи, ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Османи ќе има средби и со претседателот на Националното собрание на Србија, Владимир Орлиќ и парламентарната делегација на Србија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со граѓански организации кои работат на партнерски проекти со Мисијата на ОБСЕ во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на неговиот престој во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.
„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание“, информира Мицкоски.
Како што додаде, оваа средба е признание и почит, но и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.
Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, Мицкоски остварува повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство.
Македонија
Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на МВР извршуваат претреси на повеќе локации во Скопје.
Според информациите, се работи за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари.
Од Обвинителството најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на акцијата.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Реконструкцијата на салата „Работнички“ во завршна фаза

Градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“.
При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени.
Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат, велат од Општината.
„По 50 години, Работнички добива нов лик и нови услови за спортски активности, согласно ФИБА стандардите. Федерациите конечно ќе добијат современи услови за работа, а нашите кошаркари место за тренинг и натпревари. Скопје добива модерна спортска сала, КК Работнички свој дом,“ рече градоначалникот Герасимовски.
Со завршувањето на реконструкцијата, салата „Работнички“ ќе стане современ спортски центар, со уреден терен, нови трибини, функционални соблекувални и административен дел за спортските федерации.