Македонија
Претседателите на комисиите на СДСМ на средба со градоначалниците
Претседателите на неколку комисии на СДСМ попладнево одржаа работни состаноци со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6.
„На сите нивоа, СДСМ посветено работи согласно новиот систем во интерес на граѓаните. На состаноците се разговара за степенот на реализација на програмите на општините и градоначалниците, соработката меѓу општините, министерствата и централните институции, како и за меѓуопштинската соработка.
Од страна на градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа беа презентирани и плановите за идни активности кои се насочени на подобрување на квалитетот на живот, како и унапредување на локалниот економски развој. Се разговара и за креирање нови решенија и мерки за актуелни прашања.
Активностите на СДСМ на сите нивоа продолжуваат со засилено темпо. Сите капацитети се ставени во функција на креирање мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.Продолжуваме да работиме посветено на остварување на зацртаните цели кои обезбедуваат подобар живот за сите“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

