Македонија
„Претседателката и премиерот единствени што не реагираа на злосторничкиот напад во Суми“, реагира ДУИ
„Во текот на изминатиот ден, САД, ЕУ и целиот демократски свет, јавно и јасно го осудија ужасниот руски ракетен напад врз Суми и изразија сочувство за десетиците цивилни жртви. Во исто време, од Северна Македонија – молк. Нема реакција од Претседателот, нема став од Премиерот, нема ниту било каква реакција со јасен израз на несогласување со ова злосторство“, велат од ДУИ.
„Ова не е пропуст, туку ова е свесна стратегија за приближување на земјава кон алтернативните центри на геополитичко влијание. Ова е манифестација на цената што државата ја плаќа под тежината на индиректните кинески заеми и засиленото руско влијание на клучните позиции во Власта.
Владата не пропушти да го осуди военото злосторство, туку ја избира тишината за јавно да ја демонстрира лојалноста кон новите партнери. Молкот на институциите во вакви моменти е пред сѐ срам за земјава.
Тоа воедно е и прекршување на нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија; тоа преставува издвојување од заедничките позиции на НАТО алијансата; и на крајот, тоа е спротивно и на Стратешкото партнерство со САД.
Дозволете во оваа прилика, во името на граѓаните на Република Северна Македонија, да изразиме целосна осуда за вчерашниот ужасен напад од страна на Руската Федерација врза градот Суми, при што десетици невини цивили ги загубија своите животи, што претставува акт на терор и воено злосторство.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, но и потсетник до Украинскиот народ дека и понатаму ја имаат поддршката од граѓаните на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

