Македонија
Претседателката на Вишиот управен суд купи службено „пежо“ од 32 илјади евра

Вишиот управен суд се поднови со ново „пежо пјур“ 3008, објавен е склучениот договор со „Еуроимпекс ДОО увоз – извоз“ на Бирото за јавни набавки.
Вредноста на возилото е 1.994.200 денари или приближно 32 илјади евра. „Пежото“ е бензинец со 5 врати и 5 седишта и еуростандард 6,2. Во ентериерот има мултифункционален екран на допир, хромирани елементи на градните крила, алуминиумски тркала… На договорот е потпишана претседателката на судот, Лидија Ивановска. За возилото предвидена е гаранција од две години, а обезбеден е и сервис и оригинални резервни делови.
Неодамна и Управниот суд купи возило во вредност од 27 илјади евра. Сите четири апелациски судови го подновија возниот парк. Според податоците на Бирото за јавни набавки, гостиварска Апелација се поднови, купи возило кое чини приближно 28 илјади евра. И скопска, битолска и штипска Апелација се подновија со возила во вредност од по 27 илјади евра.
На списокот купувачи на нови автомобили се и основните судови во Велес и Штип, но тие се поскромни, па возилата што ги набавиле со во приближна вредност од по 13,5 илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.