Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова на „Акаба процес Балкан III“ во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија по повод учеството на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија. Посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.
За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.
Во рамки на престојот во Софија претседателката ќе ја посети и болницата „Пирогов“ каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).