Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова им подари галичка пафта на младенците на „Галичка свадба 2024“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата.

Претседателката изрази задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат вековните македонски традиции, култура и уметност.

Галичката свадба како значен туристички настан придонесува за заживување на галичкиот крај и неговата популаризација привлекувајќи бројни домашни и странски посетители.

Честитајќи им го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, претседателката Сиљановска Давкова им подари „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, со желби за љубов, среќа и бериќет во нивниот иден заеднички живот.

„Многу сум среќна што младите го препознаваат значењето на она што е исконско и што е дел од нас и продолжуваат да ја негуваат таа традиција“, истакна претседателката Сиљановска Давкова посакувајќи вечно да опстои овој убав обичај.

„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушкa од куќата на зетот.

Денеска беа одбележани традиционалните свадбени обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.

