Македонија
Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венециската комисија, Мартин Кауер
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со потпретседалот на Венциската комисија, Мартин Кауер.
Средбата се одржа пред почетокот на меѓународната конференција на Балканскиот форум на уставните судови, на која присуствува делегацијата од Уставниот суд.
Претседателот Костадиновски искажа задоволство за досегашната соработка и поддршката од Венециската комисија и изрази подготвеност за интензивирање на соработката.
„Улогата на Венециската комисија е исклучителна во обезбедувањето на фундаменталните права и уставната правда. Правните стандарди и добрите практики што ги развива преку правните мислења и т.н. пријателски мислења (Amicus curiae opinions) се особено значајни во постапките и работењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, истакна Костадиновски на средбата.
Претседателот Костадиновски го запозна Кауер со актуелностите и предизвиците со кои се соочува судот, како и со новините што се воведени со актот на Уставниот суд, кој почна да се применува од септември оваа година.
Потпретседателот на Венециската комисија, Кауер, ги поздрави приоритетите на Костадиновски, кои се во насока на зајакнување на владеењето на правото и истакна:
„Венециската комисија е посветена на трите основни принципи на европското уставно наследство: демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се истовремено основа на сите активности што ги презема Советот на Европа. Подготвени сме за потесна соработка со Уставниот суд и особено ја ценам вашата посветеност кон вредностите и принципите што ги делиме и поддржуваме“.
Средбата се одржа на 23 октомври во Приштина на маргините на втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставните судови, на која присуствува делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд. Според агендата, предвидено е свое обраќање на конференцијата денеска да има претседателот Костадиновски на темата „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар
Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар, информира градоначалникот на општината Горан Герасимовски.
„Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар.
Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Дарко беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“.
Македонија
Собраниска делегација во Израел им врачи благодарница на докторите кои помагаа на настраданите во Кочани
На покана од претседателот на Групата за пријателство Израел-Северна Македонија, Хамад Амар, Делегација на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот/Кнесетот на Државата Израел е во возвратна посета на Израел во периодот од 18 до 22 јануари 2026 година.
Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието, Љупчо Пренџов и Муса Џафери, членови на Групата и Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Програмата започна со посета на Светскиот центар за сеќавање на Холокаустот-Јад Вашем, при што Делегацијата учествуваше во церемонијата на полагање на венец, со што се оддаде почит на жртвите од Холокаустот.
На Тркалезната маса организирана од Американско-Еврејскиот комитет (AJC), Делегацијата имаше можност да учествува во дискусијата со директорката на Комитетот, Авитал Лејбович. Комитетот е основан во 1906 година во Њујорк како одговор на растечкиот антисемитизам и дискриминација, со цел заштита на граѓанските и верските права на Евреите и промоција на демократијата и човековите права.
Денес, Центарот е глобална организација посветена на борбата против антисемитизмот, поддршка на Израел и јакнење на меѓународната соработка и толеранција.

Програмата опфати и посета на Болницата Шиба во Тел Авив, при што Делегацијата оствари средба со групата доктори и медицинскиот персонал кои од страна на Израелската Влада и Министерството за здравство кои беа веднаш испратени за ургентна медицинска помош на настраданите македонски граѓани во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани во март минатата година.
„За оваа брза реакција на Владата на Државата Израел, односно на Министерството за здравство, но и Израелски бизнисмени и филантропи, да ги согледа димензиите на трагедијата и да одговори со ургентна стручна медицинска помош за настраданите граѓани, посветеноста и исклучителната пожртвуваност на докторите и целиот медицински тим, Делегацијата на Собранието изрази соодветна благодарност со врачување на пригодни подароци на докторите и медицинскиот персонал. Подароците за Болницата Шиба и за Министерството за здравство беа врачени во име на Претседателот на Собранието, Африм Гаши и во име на сите пратеници во Собранието, со што се изрази соодветна благодарност кон Израелската држава за драгоцената помош што беше пружена по повод оваа незапаметена трагедија која ја потресе нашата држава. Претедателката на Групата Рашела Мизрахи и сите членови на делегацијата ги врачија подароците на докторите и медицинскиот персонал за време на средбите во здравственит институции. Гестот беше прифатен со огромна благодарност од страна на докторите и медицинскиот персонал, но и од страна на домаќините во Кнесетот“, соопштија од Собранието.
Во Вулкани институтот (Истражувачки Центар за земјоделие) на Делегацијата и беше презентирана работата на овие институции на полето на употреба на високо-технолошки практики за земјоделие и одлгедување на земјоделски култури во многу специфични климатски услови кои драстично се менуваат (од медитеранска клима на северот до суша на југот). Обемните земјоделски истражувања, особено од институции како Институтот Волкани, доведоа до сорти на култури отпорни на суша, видови отпорни на сол и иновативни техники на одгледување, преку развивање софистицирани, технолошки интензивни земјоделски методи прилагодени на неговата специфична клима.
Македонија
(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“
Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој потенцираше дека „во средината на политичко-финансиската мрежа на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, преку нивните партии, банки, бизнис интереси и лажни договори за реклами има и клучен пропаганден столб: Алфа телевизија“.
„Денеска ќе ја разоткриеме позадината на оваа пропаганда, на политичките врски и бизнис мрежите“, повлече Фрчкоски, додавајќи дека „граѓаните ќе видат зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки и јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче“.
Фрчкоски нагласи дека „ништо не е случајно“ и посочи дека зад Алфа телевизија стои „Петер Шац, унгарски медиумски бизнисмен и човек од тесниот круг на Виктор Орбан, кој преку компанијата CHS Invest Group контролира 57% од ‘Алфа Скоп ДОО’, фирма – стопроцентен сопственик на телевизијата“.
„Контролата ја презема во 2017 година – токму во периодот кога Орбан започнува агресивна експанзија на своето медиумско влијание на Балканот“, рече Фрчкоски, потсетувајќи дека „Петер Шац е познат по блиските врски со Виктор Орбан и неговата партија Фидес“.
Тој додаде дека „пред тоа, Алфа била во сопствеништво на српски бизнис-структури, меѓу кои и групацијата Comtrade на Веселин Јевросимовиќ“ и заклучи дека „континуитетот е очигледен: сопствениците се менуваат, политичката линија останува иста“.
Фрчкоски потенцираше дека истражувањата покажале оти „таканаречените ‘рекламни договори’ биле користени како механизам за трансфер на милиони евра кон медиуми под контрола на Шац“.
Во таа насока, тој укажа и на врската меѓу банките, медиумите и политичкото влијание, нагласувајќи дека „купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка отвора сериозни прашања дали истиот механизам повторно се активира“.
„Сега доаѓаме и до Жан Митрев – човекот кој токму на Алфа ТВ започна црната кампања и јавен линч против претседателот Филипче со изнесување на лаги. Освен што беше обвинет дека со умисла довел во заблуда 283 пациенти во неговата клиника, кои други активности го поврзуваат Жан Митрев со оваа оска? Тим на болницата „Жан Митрев“ ја претставувал Македонија на меѓународен турнир во „walking football“ во Будимпешта во 2025 година. Финансиран преку македонскиот државен фонд за здравство. Еден од тимовите-учесници на овој турнир е Фехервар од Унгарија, тим – поврзан со поранешниот клуб Видеотон каде што играл Орбан. Киниши е вториот тим учесник на турнирот со Жан Митрев исто така од Унгарија. Ништо не е случајно. Прашање е дали кога бил во Будимпешта Жан Митрев сретнал со својот драг пријател Никола Груевски, голем помагач на неговата болница уште од самото основање?“ рече Фрчкоски.
„Како и во времето на Груевски, Алфа повторно функционира како центар за црни кампањи, јавен линч и координирани напади, овојпат со регионална поддршка. Ова е нивното разоткривање “, потенцираше Фрчкоски.

