Македонија
Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски на средба со Ветеринарната Комора за надминување на проблемот со бездомните кучиња
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Совет на општината Светлана Колариќ, оствари средба со претставниците од Ветеринарната Комора на Република Македонија. На овој работен состанок се дискутираше околу изнаоѓање на системско решение за надминување на проблемот со бездомните кучиња.
Подготовка на национална стратегија за контрола на популација на кучиња со акциски план, прилагодени на локалните динамики за секоја општина, како и мониторинг и евалуација на спроведување на Националната програма за контрола на популација на кучиња, беа главните теми околу кои се дебатираше и кои треба да доведат до надминување на овој горлив проблем.
Градоначаликот Ѓорѓиевски истакна дека ова прашање бара сериозен пристап и дека тој, во својство на Претседател на ЗЕЛС ќе предложи решенија до новата централна власт кои во прв ред ќе го имаат балансот помеѓу благосостојбата на животните и безбедноста и јавното здравје на луѓето.
– Заедно со Претседателот на Совет на општината Светлана Колариќ, остваривме значајна средба со претставниците од Ветеринарната Комора на Република Македонија, на која отворивме мошне сериозно прашање со кое се соочуваат сите општини во земјава. Имено, надминувањето на проблемот со бездомните кучиња не засега сите нас, но потребно е едно системско решение кое ќе биде применливо во секоја од локалните самоуправи, согласно нивните динамики на работа. Оттука во фокусот на нашиот разговор беше изготвувањето на национална стратегија за контрола на популација на кучиња со акциски план, како и мониторинг и евалуација на спроведување на Националната програма за контрола на популација на кучиња. Заеднички укажавме на потребата од понатамошна заедничка работа со Ветеринарната комора, а јас, како прв човек на ЗЕЛС ја презедов обврската да предложам решенија до новата Влада. Сметам дека со сериозен пристап и меѓуинституционална соработка ќе изнајдеме вистинско решение со кое ќе постигнеме едновремено и безбедност на нашите жители и зачувување на благосостојбата на животните-истакна Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

