Македонија
(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини
Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените на собранискиот спикер Талат Џафери, на 21 април би можел да се одржи првиот круг, а на 5 мај вториот круг од претседателските избори. Најдоцна до 8 февруари ќе се распишат претседателските избори. Во три општини ќе има и локални избори во исто време со претседателските избори, информира денеска Џафери.
„Во однос на претседателските избори, чиј прв круг требаше да се одржи на 14 април, а вториот круг на 28 април, имајќи предвид дека на 28 април е Велигден, размислуваме да се посмести за една недела, на 21 април, а вториот круг на 5 мај. Со тоа ќе се обезбеди можноста најдоцна на 8 февруари да се распишат претседателските избори за да се обезбеди законскиот рок. Изборите се распишуваат не подолго од 90 дена од денот на одржувањето, но не пократко од 70 дена од рокот на одржувањето на изборите“, рече Џафери.
На 12 мај истекува мандатот на претседателот Ѓорге Иванов и на тој ден, за да се обезбеди континуитет, Џафери смета дека треба да се обезбеди инаугурација на новиот претседател и да се обезбедат сите околности и рокови за да се заврши процедурата.
Имајќи предвид дека во три општини има вршители на должноста, во една поради оставка на градоначалникот на Ново Село, а во Дебар и Охрид поради починување на градоначалниците, Џафери вели дека е потребно да се распишат локални избори за нови градоначалници.
„Се следат роковите и истиот ден кога ќе биде изборот на претседател, ќе се гласа и за избор на градоначалници во овие општини“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

