Македонија
Пржино ќе добие атмосферска канализација во должина од 5200 метри
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски со министерот за финансии, Драган Тевдовски, и директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, потпиша договор за финансирање на општинската инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услови.
Со потпишувањето на овој договор ќе се реализира проект преку кој Општина Кисела Вода на улиците во населбата Пржино ќе изгради атмосферска канализација во должина од 5200 метри, изградба од која подобрени услови за живот ќе имаат околу 3500 жители на општината.
„Во последните 50-тина години во оваа урбана заедница не постоеше систем за управување со атмосферски води, што честопати резултираше со негативни последици врз животната средина, не само во Пржино, како висока централна област на падините на Водно, туку и во ниските зони на општината каде што завршуваше атмосферската вода за време на дождовни периоди. Токму затоа, од мое лично име и од име на сите жители на општината сакам да се заблагодарам на носителите на проектот кој значи долгорочно решение на еден долгогодишен проблем“, изјави градоначалникот Темелковски.
Проектот за подобрување на општинските услуги го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Светска банка, како и на Европската Унија преку ИПА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.