Македонија
Приведени лица од Ерџелија за поткуп во врска со изборите
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност утрово извршиле претрес кај четири лица од с.Ерџелија и пронашле пари и пропаганден материјал од политичка партија, како и список на 20 лица.
Претресот бил извршен во домот на З.З., И.В. (пронајдени се 4000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2000 денари), Д.В. (пронајдени се 3500 евра и пропаганден материјал од политичка партија) и С. И. (пронајдени се 10.000 денари, пропаганден материјал на политичка партија).
Исто така, при претресот во едно возило паркирано во двор на С.И., а истото во сопственост на Б.Т., исто така од с.Ерџелија, пронајден е список на 20 лица. Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, по што истиот се обратил кај С.И.,а тој му ветил дека ќе му помогне доколку Б.Т. обезбеди 20 гласачи за политичката партија. По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор.
По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија. Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал. По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

