Црна хроника
Приведени 19 лица на фестивал во Дојран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/dojran-festival.jpg)
Полицијата приведе 19 лица за време на фестивалот што викендов се одржуваше во Дојран.
Според информацијата од МВР, кај нив била најдена дрога.
„На 29.6., 30.6. и на 1.7.2024, за време на одржување фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А. С. (29) од Струмица, Д. Ш. (24) од Гевгелија, Ј. Р. (23) од Скопје, К. В. (24) од Куманово, А. А. (32) од Струмица, Д. А. (34) од Скопје, Г. И. (46) од Скопје, Ј. Б. (32) од Гостивар, В. Г.(18) од село Црничани, Гевгелиско, Т. П. (18) и К. Ц. (18), и двајцата од село Миравци, Гевгелиско, Г. М. (47) од Скопје, Ф. И. (19) од село Удово, Валандовско, Б. С. (23) од село Батинци, Скопско, Д. З. (23) од Скопје, А. А. (30) од Валандово, Н. А. (18) од Скопје, С. П. (20) од Башино Село, Велешко, и еден 17-годишен турски државјанин. При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале, биле пронајдени марихуана, прашеста ста материја и таблети“, велат од МВР.
За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/kokain.jpeg)
Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој.
Имено, во периодот од 07.30 до 08.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.
Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Казни за 146 возачи во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/policija-soo-1.jpg)
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, три мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 43 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, пет мерки за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Повредени полицајци: со возило на МВР се судриле со друго возило
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/policija8_1-199796.jpg)
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.