Македонија
Приведени 24 танчерки од странство пронајдени во угостителски објект во Тетово
Синоќа при акциска контрола од полициски службеници, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина), информираат од МВР од каде што додаваат дека девојките се приведени.
Исто така, и кај едно женско лице од Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од селото Радуша-скопско бил пронајден нож.
Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.
Од полицијата информираат и дека во угостителски објект во селото Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

