Македонија
Приведени 38 лица за непочитување на полицискиот час, седуммина ја прекршиле мерката за изолација

Во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица го прекршиле полицискиот час, при што приведени се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Од МВР информираат дека во изминатото деноноќие на 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои ги прекршиле мерките.
По однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 591 прекршок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес протест пред МВР поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феликс

Денеска пред Министерството за внатрешни работи во 12 часот ќе се одржи протест поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феликс.
Протестот го организира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од држава.
-На 15 јуни во 12 часот ве повикуваме на мирен, но гласен и масовен протестен марш што ќе започне пред Министерството за внатрешни работи! Кога едно убиство — најтежок облик на кривично дело — останува неказнето, тоа е тешка повреда на правниот и на моралниот поредок во целото општество. Кога убиец останува на слобода се губи доверба во институциите (полиција, обвинителство, судство), се праќа порака дека животот нема вредност, се поттикнува култура на страв и молчење, наместо правда и одговорност, а насилството се нормализира! Кога нема казна, има повторување! Правдата не е избор, туку обврска на секое демократско и хумано општество! Феликс — симбол на добрината, верноста и кроткоста — беше брутално убиен. Феликс не беше само уште едно бездомно куче, не беше само уште една несреќна жртва! Неговото убиство не смее да помине неказнето! Правдата не дискриминира по вид. Живот е живот! Судот мора да изрече затворска казна ако сакаме и најмал зрак на надеж дека слични дела нема да се повторуваат во иднина!, велат од здруженијата.
Здруженијата бараат итно расчистување на случајот и максимална затворска казна за сторителот Љубе Крстевски како и за неговиот соучесник Бранко Билбиловски, воведување минимум од една година задолжителна затворска казна за кривичното дело убиство и мачење животни од Кривичниот законик, формирање локални (општински служби за заштита на животните), донесување закон за Комунална полиција (со полиција за животни), превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните и системска едукација.
Македонија
По половина час се чека на граничните премини Табановце и Богородица

На граничните премини Табановце и Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Утрово имаме значително свежо време речиси насекаде, а времето е ведро и сончево насекаде. Најниска температури од само 6 степени е измерена во Лазарополе. Во Скопје денес ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.
И утре времето ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени.