Македонија
Приведени 46 лица што не го почитувале полицискиот час
Во текот на изминатото деноноќие полицискиот час на ниво на целата држава не го почитувале 59 лица, при што приведени се 46, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Во овој период регистрирани се 28 прекршоци во однос на неносење заштита маска за лице, информираат од МВР.
Во последните 24 часа на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, но не се евидентирани прекршувања на мерките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица затворен за сообраќај за сите видови возила
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила, велат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам
„СДСМ лицемерно ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на Друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија. Опозицијата треба да знае дека компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги“, велат од ЕСМ.
„Имено, согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават Барања до Регулаторната комисија за енергетика доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија. СДСМ ако е одговорна партија како што се претставува и се грижи за граѓаните, исто така треба да знае дека во тек на тековната грејна сезона зголемена е цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, поради што се доставени барањата до РКЕ. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона“, посочуваат од ЕСМ и додаваат:
„Опозицијата кога веќе го спомнува АД ЕСМ и Друштвата за топлинска енергија, треба да се потсети дека токму СДСМ во соработка со нивните поранешни коалициони партнери, трите Друштва за производство, дистрибуција и снабдување со топлина ги оставија со милионски долгови по разни основи. И на крај независно од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цената, опозицијата треба да знае дека топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со другите начини на греење“.
Македонија
Кривичен ја објави пресудата за претходното дело на 20-годишникот кој ја прегази Фросина
Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за претходното кривично дело на Васил Јованов, осомничен за смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично загина во сообраќајната несреќа на булеварот „Партизански одреди“. Пресудата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, по која Јованов беше прогласен за виновен и му беше изречена воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом.
Пресудата е резултат на главната расправа која започна на 24 јули 2024 година и заврши на 31 јули 2024 година. Судскиот состав беше предводен од судијата Даниела Алексовска-Стојановска, со судии поротници Весна Цветкоска и Милисав Таневски. Освен ова, Јованов беше пријавуван и за друга сообраќајна незгода од 4 ноември 2022 година, во која едно лице се здобило со полесни повреди.
Граѓаните денеска излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова.
Се оставаат цвеќиња и се палат свеќи крај фотографијата на Фросина, а демонстрантите носат транспаренти, на кои пишува: „Врските не враќаат човечки животи“, „Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“, „Уште колку?“, „Не е несреќа, туку убиство“.