Македонија
Приведено едно лице од Тетово, при претрес на неговиот дом и помошни простории била пронајдена дрога

Во текот на вчерашниот ден по издадена судска наредба, а во присуство на надлежниот јавен обвинител е извршен претрес на објекти сопственост на едно осомниченено лице во Тетово, соопштија од ОЈО.
„При претресот на домот и помошните простории во една од собите на кат пронајдени се еден килограм наркотична дрога марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и други предмети, а при претресот на другиот објект пронајдено е поголемо количество (околу 45 килограми) на наркотична дрога-марихуана спакувана во полиетиленски вреќи која била набавена од НН лице од Република Албанија“, соопштија од ОЈО.
По наредба на јавен обвинител извршена била фото и видеодокументација на пронајдените предмети при претресот, а истите предметите се подигнати и испратени на вештачење, осомниченото лице, велат од обвинителството, е лишено од слобода и задржано во полициската станица во Тетово и во текот на денешниот ден ќе биде изведено пред судија на претходна постапка при Основниот суд – Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.