Македонија
Прилепчани преку акцијата „Подај рака – биди човек“ им помогнаа на 11 семејства
Хуманите прилепчани коишто ја поддржаа акцијата „Подај рака – биди човек“, што во неколку маркети во Прилеп се реализираше од 10 до 13 овој месец, наполнија кошнички, донирајќи прехранбени производи за сиромашните социјално загрозени семејства.
Како што соопштија денеска волонтерите на здружението „Епилепсија Македонија“ и на о.о. на Црвен крст, донираните производи ќе им бидат распределени на 11 социјално загрозени семејства.
„Од 10 до 13 декември ја реализиравме хуманитарната акција ‘Подај рака – биди човек’ во повеќе прилепски маркети. Храната што беше обезбедена од страна на купувачите ќе биде поделена до најранливите категории граѓани. Во оваа активност ни помогнаа општинската организација на Црвен крст, Општина Прилеп и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Собравме 11 пакети со вредност од 800 денари. Навистина сум пријатно изненаден од оваа акција која помина во најдобар ред“, рече Дејан Бунески од здружението „Епилепсија Македонија“ од Прилеп.
Според директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, оваа акција ќе стигне до најранливите категории граѓани, како во градот така и во населените места.
„Навистина ми е мило што сме во поддршка на ваква хуманитарна мисија. За жал, во Прилеп сè уште имаме една голема бројка на ранливи категории, кои со своите финансии не се во можност да ги покриваат одредени радости кои ги носат празниците. Во Прилеп во моментот имаме 1 700 семејства корисници на социјална помош, за кои законот се менува и од јануари месец влегуваме со нови законски решенија во кои социјалната помош и сите други права ќе бидат во зголемен износ. Се надевам дека со оваа акција ќе им овозможиме разубавување и топол дом на секој еден од нив“, истакна Живко Силјаноски, директор на МЦСР во Прилеп.
Акцијата ја спроведоа и волонтерите на Црвениот крст.„Ние како волонтери од о.о. на Црвен крст од Прилеп бевме вклучени во оваа акција. Бевме ангажирани четворица волонтери, бевме вклучени во собирањето на храната, правењето на пакетите со храна и во доставата. Презадоволни сме од добриот одзив на нашите сограѓани и успешно споведената хуманитарна акција“, изјави Катерина Божиновска, волонтер во о.о. на Црвен крст од Прилеп.
„Подај рака – биди човек“, ќе биде хуманитарна акција која според организаторите треба да прерасне во традиција за време на празниците кога на секој еден му е потреба топлина и храна.
Оваа хуманитарна акција се реализираше во организација на здружението „Епилепсија Македонија“, Црвен крст- Прилеп. Акцијата е поддржана од Општина Прилеп во пресрет на патрониот празник на градот „Свети Никола“. Целта е во духот на заедништвото, почитта, солидарноста и хуманоста да се помогне и социјално загрозените семејства, со цел сите граѓани да чествуваат достоинствено, во мир и љубов, да ги пречаат сите новогодишни и божикни празници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

