Македонија
Припадниците на полицијата добиваат нови виндјакни
„Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата – продолжуваме со сеопфатно подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските службеници во контекст на мотото што ова раководство на МВР си го постави – опремена полиција за безбедни граѓани! Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава“, информираа од МВР.
Појаснуваат дека периодов во магацините на МВР пристигнале и 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, коишто се очекува да бидат распределени започнувајќи од денес, 11.03.2022.
„Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 1.6.2017 до 18.01.2022 реализиравме инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Така, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња поло-маици, 10.000 рала полувисоки чевли“, велат од ресорното министерство.
Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите за работа на полициските службеници, од МВР додаваат дека се реконструирани и санирани 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што како што додаваат директно се овозможени заштеди во буџетот, се намалуваат емисиите на штетни гасови, се придонесува кон заштита на животната средина. Во моментов, како што дообјаснуваат од МВР, интензивната градежна офанзива е во тек на уште 7 објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект. Исто така, обезбедивме и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, а се модернизира и возниот парк.
„Продолживме и со грижата кон остварување на правата на вработените, со тоа што ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5% на сите вработени во МВР во септември 2022 година.
Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните“, е наведно во писмената информација од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на кој, како што рече, јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата.
Како што појасни министерот, жртвата претходно повикала полиција, а патролата пристигнала за помалку од десет минути. Во изјавата што ја дала, таа потоа навела дека нема што да пријави и дека немало физички напад. Дополнително ќе се утврдува дали оваа изјава била дадена под присила. Сторителот, според Тошковски, не бил присутен на местото на настанот во моментот кога полицијата ги прибирала изјавите.
Сепак, тој нагласи дека тоа не се единствените докази со кои располага МВР.
„До МВР е обезбеден видео запис каде јасно се гледа како сопругот ја удира жртвата. Не можам да кажам кога е точно, но сигурно е истиот ден“, рече министерот.
Според информациите што ги изнесе министерот Панче Тошковски, на 2 март околу 14 часот бил пријавен падот од зграда, а претходно полицијата разговарала со жртвата која рекла дека не бара интервенција. Потоа жената се упатила кон станот на улицата Теодосиј Гологанов во скопски Карпош кадешто се случила трагедијата. Со ќерката биле сами и заклучени одвнатре пред трагичниот настан.
Министерот соопшти дека сопругот е приведен. Осомничен е за Наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста. Тошковски потсети и дека во изминатите години против истото лице биле поднесени 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога. Тошковски истакна и дека голем дел од предметите за семејно насилство се затвораат поради повлекување на жртвите, најавувајќи поинтензивен пристап на МВР во вакви случаи.
Македонија
Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации, велат од ЗНАМ за СДСМ
СДСМ повторно се обидува да ја замени политиката со навреди, аргументите со етикети, а вистината со конструкции, реагираат од ЗНАМ откако претходно од СДСМ истакнаа дека Максим Димитриевски е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре.
„Кога немаат одговор на суштината, преминуваат на лични дискредитации. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е дел од оваа власт со достоинство, со принципи, со сопствена идеолошка и програмска матрица и сопствен пат делувајќи исклучиво во насока што ја ветивме пред граѓаните – чесна, одговорна и државничка политика. Кога од СДСМ се осмелуваат да зборуваат за тендери, првично нека се погледнат во огледало.
Години наназад токму тие ја претворија државата во партиска каса, институциите во сервис за свои луѓе, а правдата во селективен инструмент.
Денес, кога институциите почнуваат да функционираат без партиска директива, СДСМ панично бара алиби во измислени конструкции“, додаваат од таму.
Навредите за „кукавичко јајце“, „платеник“, „тендер коалиција“, според нив, се јазик на политичка немоќ.
Тоа, како што истакнуваат, е истиот тој наратив што ги оддалечи од граѓаните, од работниците од реалноста.
„Токму ваквото однесување и делување на СДСМ ја доведе економијата во состојба во која денес мора да се стабилизираат штетите од нивното владеење.
И наместо да понудат визија, тие сеат омраза. Наместо да бараат виновници во сите, освен во себе, нека соберат храброст и нека се соочат со сопствените постапки и грешки. Нека одговорат зошто по години власт зад себе оставија разочарани граѓани, нарушени институции и чувство дека државата служела на малкумина“.
Македонија
Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.
Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за ангажирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови.
Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва беше асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран – фудбалер, кој преку Турција се врати во Република Северна Македонија. Дополнително, шест македонски државјани од Израел веќе имаат обезбедено авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно асистираше во нивната координација и заминување.
Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Министерството, во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, ги презема сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.

