Македонија
Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино
На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство.
Адвокатката на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска ја праша Анета Георгиева кога последен пат исконтактирала со неа, а таа одговори дека тоа било пред да ја затворат.
„Рече во болница сум кај татко ми, не е добар. Не ми текнува дека зборувавме за нешто друго”, рече Анета.
Таа претпоследен пат го видела обвинетиот Али Фуркан минатиот март, кога биле на гости кај неа заедно со Ангела. Потоа таа и Фуркан пиеле кафе насамо во некое кафуле во „Мавровка” и тоа била нивната последна средба.
„Прво дојде Ангела, по 10 минути дојде Фуркан. Бев толку нервозна што ме будат наутро што ми идеше да ги фрлам од тераса. Јасживеам со две деца во стан од 30 квадрати и ми пречи галама. Ти доаѓа некој наутро и вели ти дојдов на кафе… како би се чувствувале вие?”, праша Георгиева.
Адвокатката на обвинетата потсети на моментот кога Фуркан и Ангела ѝ кажале дека убиле човек.
„Начинот на којшто го кажаа тоа и како што се однесуваа и не беше баш вчудовидувачки. Беа нормално облечени, најнормално се однесуваа, излезени од град и дојдени. Не беа расплакани”, рече Анета.
Обвинетата Ангела ја праша Анета дали ѝ било нешто понудено од мајката на Пино пред да сведочи, а таа одговори !не”.
„Јас сум во судница дојдена за едно грозоморно убиство што го направиле тројца учесници. Дали тоа било намерно или ненамерно, не знам. Тоа биле тојца млади што го оцрниле не само својот живот туку и околината. Јас не можам да кажам ниту детали, ниту ништо бидејќи не сум присуствувала. Не го познавав починатото дете ниту имав слушнато за него”, рече Анета.
„Фуркан спрема мене бил прекрасен. Секогаш знаел да помогне, да ти однесе деца на доктор со кола”, рече Анета.
„Ладна, некомуникативна, едноставно затворен тип”, вака ја опиша обвинетата.
„Зошто го штитите Али Фуркан?”, праша Ангела.
„Извини злато, ама не штитам јас никого”, одговори Анета.
Анета пред две години работела во „Травел сити рент-а-кар”, каде управител бил Али Фуркан со комплетно полномошно на нејзино име.
„Фирмата е отворена приближно 2015/1016, ни јас точно не знам. Си ја отвори Али Фуркан затоа што неговото тогашно девојче работеше во туризам, работевме заедно. По тоа девојчето си замина за Швајцарија, а јас останав да ја водам фирмата, со негово полномошно. Тој немаше контакт со странки ниту со работата”, рече Анета.
Девојката се викала Софија, а сега е преселена и омажена во Швајцарија.
Обвинителката Лидија Раичевиќ побара да се сослуша Блерта Поцеста, која е притвореничка во истражниот затвор каде што е и Ангела, бидејќи нејзиното сведочење би било од корист за судската постапка.
Одбраната на Ангела веднаш се спротивстави на предлогот на обвинителката бидејќи тие не биле во иста ќелија, но судот сепак го прифати сведочењето на притвореничката.
„Госпоѓа Маја има нудено пари на која било притвореничка…”, бурно реагираше Ангела, на што судот ја прекина.
„Блерта лично ми кажа дека ѝ нудела пари и добар адвокат”, бурно продолжи Ангела, но нејзината адвокатка ја поучи да замолчи, бидејќи тоа што го зборува не е во нејзина корист.
Судијката Ленка Давитковска следното рочиште го закажа за 13 февруари.
Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.
Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.
Искра Манојлоска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

