Македонија
Притворени разбојниците кои ограбија мобилара на Бит Пазар
Обвинителството отвори истрага против две лица кои во близина на Бит Пазар минатата недела ограбија продажен салон на оператор на мобилна телефонија. Од ОЈО соопштија дека по нивно барање, судот за еден од разбојниците определил мерка притвор, додека вториот добил решение за куќен притвор.
Двајцата влегле во мобиларата и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на едно вработено лице, одзеле 96.500 денари. Осомничените претходно ја разгледале поставеноста на безбедносните камери и провериле колку вработени се присутни во продажниот салон, се обиделе да украдат изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм. Во тој момент осомничените излегле од продавницата и ги замениле јакните. Едниот дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите. Другиот осомничен за тоа време чувал стража пред објектот, па двајцата го напуштиле местото на настанот.
Едното лице е осомничено и дека два дена подоцна извршило уште едно разбојништво во непосредна близина на казино во Бутел. Како што соопшти Обвинителството, тој со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа и се заканувал дека ќе ја убие ако не му ги даде парите, неколкупати повторувајќи дека има пиштол во јакната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

