Македонија
(Видео) Шилегов објави трета верзија за продажба на државното земјиште за хотел зад „Рамстор“
Трета, поинаква верзија за продажбата на државното земјиште за хотел зад „Рамстор“, денес обелодени скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според него, земјиштето за хотелот е продадено со купопродажба од поранешен сопственик. Од „Лимак“, кој го гради хотелот, веќе информираа дека имале договор со министерот за транспорт за преземање на локацијата, а Министерството за транспорт и врски, пак, тврди дека земјиштето е продадено на јавна лицитација.
Градоначалникот Шилегов, денес, обидувајќи се да објасни дека хотелот што веќе се гради не е дел од договорот на Град Скопје со „Лимак“, кој ја обврзува компанијата првин да ја изгради подземната сообраќајница, па дури потоа да гради над земјата, рече дека земјиштето е купено од претходниот сопственик.
„Објектот што сега се гради е хотел, на ќошот на ‘Железничка’, тој не е дел од тој договор. Тоа е објект што излегува надвор од тој договор, нити е предмет на купопродажба во договорот што го има склучено со Градот, туку ‘Лимак’ локацијата и самиот објект ги има купено од приватен инвеститор“, рече градоначалникот Шилегов.
По верзијата од градоначалникот, „Макфакс“ побара објаснување од Министерството за транспорт и врски, но од таму не одговорија на прашањата.
Градоначалникот Шилегов и денес не го покажа договорот на Град Скопје со „Лимак“ за изградба на подземната сообраќајница. „Макфакс“ со барање за пристап до информации од јавен карактер го побара, но не го доби договорот, а денес градоначалникот објасни дека не сме го добиле бидејќи не сме го барале лично од него. Вети дека по прес-конференцијата, ќе го покаже, но пресот заврши, а градоначалникот не го покажа договорот ниту, пак, неговите служби го испратија.
По склучувањето на договорот за продажба на државното земјиште на турската компанија „Лимак“ во 2012 година, поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, убедувајќи ги скопјани дека продажбата е оправдана, рече дека Турците првин ќе ја изградат подземната сообраќајница, па дури потоа ќе ги градат другите содржини. Но, „Лимак“ сè уште се подготвува за градење на подземната сообраќајница, а хотелот зад „Рамстор“ веќе има приземје и четири ката.
Градоначалникот Шилегов тврди дека хотелот не е дел од договорот со „Лимак“ и дека тој е надвор од мултифункционалниот комплекс „Дајмонд“, кој Турците најавија дека ќе го изградат кај Старата железничка.
За хотелот „Макфакс“ веќе објави дека „Лимак“ плаќа казна од 2 милиона денари месечно поради незавршени обврски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Македонија
(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците
„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.
Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.
Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.
Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.